УЈП ќе испрати инспекции: Угостителските објекти се почесто не издаваат фискални сметки

Изминатите недели додека траеја новогодишните прослави во угостителските објекти Законот за пушење ретко каде се почитуваше, ниту пак угостителите редовно издаваа фискални сметки.

Управата за јавни приходи ќе прави контроли по угостителските објекти и дуќани, зашто анализите од податоците на ГПРС системот, покажале дека добар дел од нив прикажале помал промет за новогодишните празници. Даночните инспектори забележале дека во празничната еуфорија кафанџиите не го регистрирале прометот, не издавале фискални сметки, туку само компјутерски, печатени од обичен (нефискален) принтер.
  
Освен проблемот со фискалните, во голем број кафулињата и кафеаните низ Скопје ретко каде се почитуваше и Законот за забрана за пушење. 

Се погласни станаа реакциите на социјалните мрежи дека законот за пушење веќе никаде не се почитува.

Граѓаните апелираа до властите да се спроведе построга контрола во локалите, со констатација дека ова е можеби еден од ретките добри закони на претходната власт.

Владата пред околу два месеци најави дека ќе поднесе предлог за блага либерализација на актуелниот закон за пушење, што во никој случај не значеше дека тој целосно ќе се укине.

Изминете би се однесувале пред сè во правилно толкување на законот, односно доследно прецизирање и почитување на одредбите, како треба да бидат концепирани деловите од рестораните и кафетериите во кои се пуши.

Беше напоменато дека, во објектите во кои се служи храна, во никој случај нема да смее да се пуши!