УЈП ќе има пристап до приливите на банкарските сметки на граѓаните

Со усвојување на Предлог-законите за изменување на законите за банки и за Управата за јавни приходи, се овозможува пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките.

Тоа на Управата ќе и овозможи да ги добива потребните податоци за изработка на претпополнетите пријави за данок на личен доход.

Со Предлог-законите за изменување на законите за банки и за УЈП, исто така, се гарантира и повисока безбедност на податоците со користење на најнова технологија, односно енкрипција на податоците.