Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денес е последниот ден за поднесување на ДДВ - 04 мсечни и тримесечни пријави. Според податоците на Управата до 15.07.2024 година, поднесени биле 13% од очекуваните ДДВ 04 пријави, додека до 15.10.2024 година, овој процент опаднал на помалку од 9%.
„Управата за јавни приходи потсетува на важноста на навременото исполнување на даночните обврски и ја разбира загриженоста на сметководителите од една страна, а ја охрабрува бизнис заедницата да ги поднесе своите документи до сметководителите без одлагање и со цел навремено поднесување на ДДВ – 04 пријавите. Потсетуваме дека законските рокови течат, а системите на УЈП работат 24/7, дури и за време на празниците ги поддржуваат даночните обврзници во овој процес“, се вели во соопштението.