УХМР:Во Јануари најниско измерена температура била минус 21, и наврнало натпросечни количества дожд

Постудено од вообичаено, со минимални температури под нулата, и со траење од над 20 дена, како и со натпросечни количества врнежи, односно екстремно влажно време било во минатиот месец, се наведува во денеска објавениот преглед на температурите на воздухот и количествата врнежи на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средната месечна температура варирала од – 3,8 степени во Маврово до 3 степени во Гевгелија,  и е пониска за – 1,8 степени во однос на повеќегодишните јануарски средномесечни температурни вредности. Највисока максимална температура била 15 степени, измерена на 24 јануари во Гевгелија,  а најниската максимална 6,4 степени  на 17 јануари во Маврово.

Како што соопштува УХМР, ниски температури под нулата температури се регистрирани на целата територија на Македонија. Најниска минимална температура од – 21 степен на  8 јануари е измерена во Берово и била седум степени повисока од најниската апсолутна, додека највисоката минимална од – 7,4 степени е измерена на 14-ти во Гевгелија.

Во текот на јануари на територијатаија на Македонија имало и ледени денови, кога максималната температура во текот на целиот ден е под нулата, Најмногу ледени денови, 16, имало во Маврово, а најмалку, еден ден, во Гевгелија.

Во јануари врнежите се временски слично распоредени на целата територија на Македонија и најинтензивни се во третата декада од месецот, на 26. Во Гевгелија, Демир Капија и Струмица се надминати апсолутно максималните дневни вренежи измерени во (1961-90). Врнежите биле од дожд, снег и замрзнат дожд. Месечната сума на врнежи варирала од 46,2 мм во Скопје Зајќчев Ридф до 202 мм во гевгелија. Месечната сума од 202 мм е трета по големина во периодот 1981/2010 во јануари, по 273 мм и 257 мм во Лазарополе во 1987 година и Маврово во 2003 година. Максималната акомулирана дневна сума на вода од 88,6 мм била регистрирна во Демир Капија на 26-ти, поголема за 12 мм од апсолутно максималната (1961-1990).

Споредно со јануарската многугодишна просечна вредност од 1981 измерената јануарска средна месечна сума на врнежи била 70 мм над просечната, за 157 проценти поголема од просечното ново на држава.