УХМР за утре најавува дожд, грмежи и град - еве каква е временската прогноза до крајот на неделата!

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер.

Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се движат од 19 до 29 степени Целзиусови.

Од УХМР исто така најавија дека до крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.