УХМР за денес и утре најавува невреме: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре претпладне најавија променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 километри на час.

Нестабилно време во попладневните часови најавија и за денеска, при што локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер од над 60 километри на час и услови за појава на град

Исто така, за денеска споделија и метео аларм со карта од кои делови од државата ќе бидат зафатени со силен ветер од западен правец.

Од УХМР најавија дека во Скопје денеска и утре претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе биде нестабилно во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, краткотрајно во во форма на невреме.