УХМР со вонредна временска најава

Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи, најавува УХМР.

Утре и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно  време со повремени врнежи дожд, претежно во западните делови.

Температурите за време на викендот ќе се спуштат до три степени, а дневните максимални ќе достигнат 19 до 21 степен.

Утринските температури во наредните седум дена ќе бидат од три до девет степени, а максималните од 19 до 23 степени.