УХМР со лоши вести за времето - еве што не чека неделава

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните и источните делови.

Денеска ќе има и ретка појава на грмежи претежно на југозапад на земјата. Ќе дува повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

 Минималните температури ќе се движат од од 4 до 11, а максималните од 10  до 17 степени.

 Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 15 степени.

 Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на температурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини претежно во северните делови.