УХМР: Променливо време во текот на целата недела

Времето утре ќе биде претежно сончево со слаб ветер претежно од западен правец.

Во среда времето ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне претежно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, а особено вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а особрно вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во петок времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер.