УХМР најавува ново невреме

Според предупредувањето, во четврток попладне и петок ќе земјата ќе биде под влијание на лажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

Во петок преку денот ќе дува засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на дневната температура на воздухот, која на места ќе биде и за 10 степени пониска во однос на претходните денови.

Во предупредувањето нема прецизирано дали врнежите ќе ја зафатат целата територија на Македонија или поединечни региони.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во саботата скопскиот регион го зафати големо невреме во кое загинаа 22 лица, едно лице е исчезнато, а 78 се повредени.