УХМР: Еве какво време не очекува до крајот на неделата

Во наредните три дена времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на места температурата ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, промена на времето се очекува во недела, кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот од следната недела.