Утрински хаос низ скопските улици (видео)

Врне, ова е доволно предупредување денеска во текот на целиот ден да го избегнувате центарот на Скопје, за да не ви се случи она што, многу е веројатно дека ви се случило и вчера, ако со вашиот автомобил сте минале низ Центар.

Од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, утрово соопштија дека поголем број возила во овој период од денот се забележуваат долж булеварот 3-та Македонска бригада во насока на движење од Аеродром кон улица Пролет, од каде што возилата потоа се приклучуваат на крстосницата кај Стара рампа движејќи се во насока кон булевар Македонија и во насока кон улица 11 октомври, долж улицата 11 Октомври прилив на возила има и од Кисела Вода од булеварот Борис Трајковски , долж булевар Свети Климент Охридски и улица Свети Кирил и Методиј кон булевар Мајка Тереза и улица Јордан Мијалков, долж булеварот Кузман Јосифовски Питу во насока на движење од Аеродром кон Центар, долж новиот мост кај Нова Железничка станица во насока на движење од крстосницата помеѓу улициет Никола Карев и Ѓуро Ѓоновиќ кон крстосницата помеѓу булевар Гоце Делчев и улица Беласица, долж булеварот Киро Глигоров во двете насоки на движење, како и долж мостот и булеварот Гоце Делчев во двете насоки на движење на потегот од крстосница со булевар Крсте Мисирков до крстосница со булеварите Илинден и ВМРО. Известувањето важи за состојбата во сообраќајот во 08:10 часот на ден 21.11.2018 година.

И додека еден дожд го пореметува целосно сообраќајот во центарот на главниот град, тогаш ни останува единствено излез да бараме во обиколниците за да стигнеме до посакуваните дестинации. Патот можеби е малку подолг, но е подобра опција за да се стигне од точка А до точка Б- навреме.