Угостителските услуги поскапеле во јануари

Цените на угостителските услуги во јануари годинава споредено со декември лани се зголемени за 0,2 процента, а за 1,1 процент споредено со јануари  минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Споредено по групи на услуги, во јануари годинава споредено со декември 2017  има зголемување за 0,2 процента во групите „храна“ „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 процент и „ноќевања“ за 0,3 проценти, а во групата „алкохолни пијалаци намалување“ за 0,4 проценти.