Угостителските објекти повторно ќе почнат да работат до полноќ

Работното време на угостителските објекти се продолжува до полноќ во работните денови и до 1 часот по полноќ за време на викендите.

Ова го одлучи Владата на вечерашната седница, а информацијата ја потврди министерот за економија, Крешник Бектешши.

„Донесена одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот“, напиша Бектеши на својот профил на Фејсбук.

Во текот на вечерта следуваат повеќе детали за одлуките на Владата од денешната седница.