Угостителите бурно реагираат – ќе има отпуштања

Намалени приходи и масовни отпуштања ќе донесат новите мерки за справување со вирусот, велат угостителите. Со намалувањето на работното време тие ќе изгубат добар дел од заработката, а доколку повторно се воведе полициски час тоа ќе значи колапс за целата дејност. Револтирани се зошто повторно се носат брзи мерки од кои најзасегнати ќе бидат повторно угостителите. Велат најдобро ќе биде да го затворат бизнисот.

Сметаат дека затворањето на рестораните за свадби не го решава проблемот со ширењето на заразата. За да има ефект ваквата мерка треба иста таква одлука да донесат и околните земји или да се зтаворат границите. 

Министерот Бектеши пак посочи дека ќе се залагаат да нема целосно затворање на стопанството.

Угостителите тврдат дека новиот пакет помош е задоцнет, а за дел од  мерките повторно многумина нема да можат да аплицираат. Бараат за нив да има посебен сет на мерки затоа што тие се  меѓу најзагрозените сектори.