Удрил во велосипедист, па го напуштил местото на настанот

На 08.08.2020 во 00,00 часот било пријавено дека во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода бил донесен Б.П.(24) од Скопје. Имено на 07.08.2020 околу 22,15 часот Б.П. додека со велосипед движел во населбата Илинден бил удрен од непознато патничко моторно возило управуван од засега непознат возач кој по незгодата го напуштил местото на настанот. На повредениот му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.