Удрен пешак на крстосница, возачот избегал

На 20.07.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Христијан Тодоровски Карпош" и ул.„Ферид Бајрам" во Скопје, патничко возило „бмв“, удрило во пешакот З.Ш.У.(55) од Косово, со живеалиште во Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.

На повредената ѝ  била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.