Удирал по возилото и се обидел да ја отвори вратата: сообраќајна расправија во скопски Центар

Сообраќен инцидент се случил завчера во центарот на Скопје. 

- Во СВР Скопје вчера во 10:30 часот Т.Д.(20) од Скопје пријавил дека на 06.10.2026 околу 17:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице агресивно се однесувало кон него, соопштија од МВР. 

Лицето според пријавеното се обидело да му ја отвори вратата и удирало по неговото возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.