Учителка од основно училиште меѓу уапсените за дрога во акцијата на МВР

Денеска се очекува полицијата да излезе со информации за акцијата за апсење на улични дилери што ја спроведе синоќа во Скопје. Засега е познато дека се апсеа осомничени за продажба на дрога по улиците, дилери на амфетамин. 

Како што пренесуваат голем број медиуми, неофицијално, меѓу приведените е и учителка од скопско училиште.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.