Учиме да живееме во сегашниот момент само кога ќе сфатиме дека иднината е непредвидлива

Стануваме внимателни затоа што некогаш сме биле предадени, најискрено се смееме после период на големи таги и учиме да живееме во сегашниот момент кога ќе сфатиме дека иднината е непредвидлива. 

Силни стануваме после големи падови. Кога ќе стигнеме до дното и животот ќе ни донесе непредвидени околности, учиме да ги цениме малите работи и максимално да уживаме во нив. Падовите се составен дел од животот, низ кои поминуваат сите. Без нив нема големи успеси, а понекогаш ни се случуваат за да ја сфатиме суштината на животот, да застанеме и да научиме да ги цениме малите работи. 

Кога ќе се најдеме на најниската точка, никако не смееме да дозволиме да паднеме со духот. Ставот и размислувањето дека тоа е само лош период се сосема добредојдени во вакви ситуации. Моменталната болка никако не смее да го контролира вашиот живот и одлуки. 

Од тешките ситуации не може да се побегне, но можеме да им се спротиставиме. Храбрите луѓе одат напред без оглед на околностите. Кога ќе дојдат лошите период, добро е да се знае дека солзите се лек за душата. Денес препуштете им се на чувствата, а утре повторно ќе бидете силни. Со солзите заминува еден дел од тагата и стравовите, а потоа се чувствуваме малку подобро и полесно. Понекогаш луѓето плачат, не поради своите слабости, туку затоа што предолго биле силни, а тоа знае да биде истоштувачко. Од тешките ситуации се учат најскапоцените лекции. 

Животот е како патека прекриена со цвеќиња и камења. Има добри моменти, има и лоши, и ние не бираме кога ќе се појават. Она на што можеме да влијаеме е како да реагираме кога ќе настапат. Кога ќе дојдат невремињата мораме да бидеме силни и да ги прифатиме новонастанатите околности. Само така ќе можеме да го надминеме овој период. Овие ситуации сфатете ги како тест кој ги проценува вашите граници и способности. Сите кои поминале низ нешто слично знаат дека зад облаците се крие виножитото и дека зад секое невреме има сонце. Од лошите работи се учат најдобрите животни лекции, иако во моментот делуваат страшно и имате чувство дека никогаш нема да пројдат. 

Ништо не трае вечно.

Времето не може никако да се врати назад и постапките не можат да се изменат, но секој од нас може да почне одново и на тој начин да го промени крајот на приказната. Во животот работите се минливи, па затоа потрудете се да уживате во секој момент. Среќата не трае вечно, но и тагата не е вечна!

Неуспесите и страдањето се составен дел од животот, исто како и среќата, а ние мораме да бидеме подготвени за периодите кога животот ќе ни подготви искушенија. Велат дека болката минува кога од животните околности ќе научиме нешто ново и ќе станеме помудри заради тоа. Додека не поминете низ нив, не сте ни свесни колку сте силни!