Училиштето „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров добива нов фудбалски терен со вештачка трева

Основното училиште „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров добива нов фудбалски терен со вештачка трева. 

- На вкупна површина од 800 метри квадратни се поставува нов терен со вештачка трева. Подлогата ги исполнува највисоките критериуми согласно UEFA и ќе биде одлично место за рекреација. Најмладите остануваат врвен приоритет и фокус во работата на Општина Ѓорче Петров. Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации! - порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски. 

Тој вели дека го имаат историски најголемиот инвестициски циклус на општината во објекти за спорт.

Досега се изградени:

- Детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска

- Нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски

- Нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски

- Тартан подлога на спортски центар ГеГе

- Тартан подлога на спортски центар Бранители

- Терен со вештачка трева во ООУ СТРАШО Пинџур

- Градиме спортска сала во Хром, потенцира Стојкоски.