Училиштето „Климент Охридски“ во Бутел добива нова ограда

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека е потпишан меморандум за соработка со кој наскоро се започнува со реализација за реконструкција на оградата на ООУ Св. Климент Охридски.

- Со поддршка на УСАИД И МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование ќе се реализира целиот овој проект. Ќе се реконструира 250 метри од оградата на општинското основно училиште, порача Костовски. 

Грдаоначалникот потенцира дека проблемот со разрушената и пропадната ограда заминува во историја, а учениците добиваат подобри и безбедни услови потсетувајќи дека како општина континуирано продолжуваат со инвестирање во образованието и инфрастуктурата.