Основното училиште „Ѓорче Петров" во истоимената скопска општина денеска слави јубилеј - 6 децении постоење.
- Основното училиште „Ѓорче Петров“ е синоним за успешни генерации кои низ годините дадоа важен придонес во развој на општеството. Денеска ова училиште го одбележа својот патронат кој беше проследен со одлично подготвена програма од страна на наставниот кадар и децата, порача денеска оттаму првиот човек на општината Александар Стојкоски.
- Училиштето кое го носи името на нашата општина од 1964 година е образовна институција во која и денеска учат дечиња што се наша гордост. Општина Ѓорче Петров постојано вложува и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на условите за настава во училиштето, но и на инфраструктурата која носи подобар квалитет во образовниот процес, додаде тој упатувајќи честитки за патрониот празник ООУ „Ѓорче Петров“.