Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски вели дека општината е подготвена за стартот на новата учебна година. За таа цел се организирала средба со сите директори и раководители на училиштата и на градинките од територијата на општина Бутел.
„Директорите ме информираа дека сите паралелки се формирани и дека училиштата се спремни за стартот. Сите ученици новата училишна година ќе ја започнат со училишни униформи, мерка која ја воведовме за прв пат во општина Бутел. Покрај ова обезбедивме и оваа година ранче и прибор за секое прваче. Оваа учебна година ја започнуваме со уште едно ново општинско училиште во населеното место Визбегово кое е целосно спремно да ги пречека сите ученици. Општина Бутел е подготвена за почетокот на новата учебна година“, напиша Костовски.