Училиштата во Бутел ќе добијат 50 интерактивни табли

Основните училишта во Општина Бутел ќе добијат интерактивни табли. Општината набавила 50 вакви табли за учениците.
Освен табли, според градоначалникот Велимир Смилевски, набавени се: душеци за спортски сали во училиштата, топки за сите екипни спортови, мрежи и рекети за пинг-понг, табли и конструкциии за кош и др.

Исто така, набавени се наставни помагала за деца со попреченост: графомоторичка табла, сложувалки со букви, со возила и животни, со магнет, со броеви, со часовник, како и креативен сет за нижење. По еден ваков комплет ќе добијат сите седум основни училишта.

Целата оваа училишна набавка била во вредност од 3.763.595 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината.