Училиштата „Ацо Шопов“ и „Панајот Гиновски“ добија нови кровови

Во општина Бутел финишираат градежните работи во неколку основни училишта.

Имено, во ОУ „Панајот Гиновски“ е заменет стариот и дотрајан кров од салонитни плочи со пластифициран лим. Се разбира, заменета е и целата дрвена потконструкција на кровот.

Исто така, завршени се и градежните работи и на фискултурната сала во ОУ „Ацо Шопов“ поточно направена е целосна раконструкција на кровот. Поставен е нов пластифициран лим, заменета е громобранската лента, а поставени се и нови олуци.

Изведувач на работите е градежната фирма ГИВ „Груп“ од Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел во висина од 2. 400. 000 денари.

Во моментов течат поголеми градежни зафати и во ОУ „Гоце Делчев“ во Љубанци, кое треба да добие нов кров, нова фасада со нови прозори и неколку нови училници.