Учи Data Science во Data Masters и обликувај ја иднината

По две успешно спроведени Академии, првата верификувана Академија за Data Science во Македонија, ги отвора виртуелните врати за новата трета по ред генерација Data Scientists. Третата генерација на Академијата Data Masters ќе изучува Data Science по најповолни услови, со специјално предвиден попуст од 30% за сите редовни и вонредни студенти кои учат на факултетите во Македонија.

Кампањата „Обликувај ја иднината“ во која главен заштитен лик е Гораст Цветковски има за цел да ги поттикне сите оние што сакаат активно да учествуваат во создавање на подобра иднина преку знаење, а нејзиното реализирање почнува токму со уписите за Data Science.

„Како Академија која има чест и одговорност да ги изгради најдобрите Data Scientists, донесовме одлука да создадеме најповолни услови за изучување на оваа наука. Имајќи во предвид дека многу голем број македонски семејства ја почувствуваа кризата од пандемијата, а од друга страна огромниот интерес за изучување на Data Science, решивме да ја направиме достапна по специјален попуст од 30% кој важи за сите редовни и вонредни студенти кои учат на факултетите во Македонија, а се на возраст помеѓу 18 и 25 години. Дополнително би сакале да посочиме дека има 20% Early Bird попуст кој можат да го искористат сите оние што не спаѓаат во погоре споменатата група“ - вели Катерина Јангеловска, раководител на Академијата на Data Masters.

Програмата за Data Science е комплетно адаптирана онлајн, а ќе биде пренесена од врвни професионалци со интернационално искуство. Студентите покрај теоретско знаење ќе добијат и практично знаење, преку работа на реални проекти, а сето тоа на крајот ќе биде заокружено со диплома верификувана од МОН.

Од Data Masters додаваат дека фокусот преку целата година е да понудат најголем квалитет на образование по најповолни услови во година во која се чувствуваат последиците од економската криза создадена од КОВИД-19. Токму затоа, покрај попустот, предвидени се и поволности за плаќање на рати.

Наставата започнува на 12.04.2021.

Не чекајте, обликувајте ја својата иднина и пријавете се да учите Data Science уште денес.

Пријавување тука!