Учесниците на „Џифони“ едуцирани за правилна употреба на новите садови за отпад

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска одржа еко-предавање пред 150 средношколци, учесници на Меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони“ што во периодот од 12 до 17 октомври се одржува во Младинскиот културен центар во Скопје.