Ученик нападнат од наставничка во едно скопско училиште

Ученик бил нападнат од наставничка во едно скопско училиште. 

На 12.05.2022 во 13.29 часот во СВР Скопје, Ф.К.(37) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавила дека додека бил на училиште во с.Долно Свиларе нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од наставничката А.К. од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. 

На социјалните мрежи, попладнево се отвори широка дискусија околу причината за овој инцидент. Дел од граѓаните сметаат дека учениците со своето однесување се причина за ваква појава, а дел сметаат дека реалната причина лежи во демотивацијата и ниските плати на кадарот во училиштата.