Учениците во Македонија многу учат, но малку знаат

Учениците во Македонија во просек учат по 11,2 години, а знаат како да учеле 6,9 година. Ова го покажува последното истражување спроведено од страна на Светска банка.

Македонија најнизок просек во регионот и е под светскиот просек кој изнесува 7,9 години, велат од Рефлектор кои го пренесуваат истражувањето.

Следејќи го овој сооднос први во регионот се Словенците.  Тие поминуваат 13,6 години во училиште,  а стекнуваат знаење како за 11.6 години поминати во образовен процес.

Пред Македонија на листата се наоѓа Косово, Црна Гора и Босна Херцеговина. Србија е втора веднаш зад Словенија.