Учениците од повеќе скопски училишта утрово беа на отворено, и покрај студот. Ги чекаат своите родители да ги земат, по насока од наставниците поради дојави за поставени експлозивни направи во неколку скопски училишта.
Дојави за бомби утрово има во скопски Аеродром, во Бутел, Центар и во Карпош.
- Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот, соопштија од полицијата.