Денеска стартуваше учебната 2022/23 година. Без ковид-маски, но и без учебници за дел од учениците.
-За учебниците по новата Концепција има законски постапки, треба да заврши постапката за економски оператор и учениците од прво, второ, четврто и петто одделение да ги добијат учебниците. Дотогаш ќе учат од соодветните материјали што ги подготви Бирото за развој на образованието, рече министерот Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање зошто не биле навремени административните процедури во набавката на учебниците.
Јавноста реагира дека ако нема учебници, во иднина и ќе нема деца во државата!
Еве што се коментира на социјалните мрежи на оваа тема:
На 1 септември објавуваат дека учебниците од прво до петто одделение ќе бидат испечатени пред второ полугодие. Се надеваат дека ќе бидат до тогаш
А до тогаш што? Ќе се глуми образовен процес или изненадени сте и од почетокот на нова учебна година ? pic.twitter.com/IIjvoNmL4K— Еквилибрија (@ekvilibrija) September 1, 2022
Што ќе ви се книги море хеј? pic.twitter.com/IRWSN7jXVb
— На Твитер најубавиот (@natwnajubaviot) September 1, 2022