Учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ во Гази Баба, во училишниот двор садеа зимзелени садници и цвеќиња

ЈП "Паркови и зеленило" денеска садеше цвеќиња и дрвја во училишен двор во Гази Баба. 

-Во таа насока денес остваривме соработка со основното училиште „Кирил и Методиј“ во општина Гази Баба, каде заедно со децата во училишниот двор садевме зимзелени садници и цвеќиња од видот виола. Како еколошки одговорно училиште со зелено знаменце ова училиште ја заслужи нашата поддршка и понатамошна соработка. Од страна на в.д директорката Виолета Поповска ни беше доделена благодарница која во името на претпријатието ја прими техничкиот директор Игор Велјаноски, изјавуваат од претпријатието.