
Ученици од IV година, насока „Архитектура“ од СГГУГС „Здравко Цветковски“, ја посетија Општина Ѓорче Петров каде имаа можност одблиску да се запознаат со работата на општинските служби.
Предводени од професорката Гордана Стоименов, учениците разговараа со претставници од Секторот за урбанизам, инвестиции и комунални дејности за планирањето на просторот, урбанизацијата и постапките за издавање одобренија за градење.
Посетата им овозможи на идните архитекти практично да го поврзат знаењето стекнато во училниците со секојдневната работа во локалната самоуправа.
Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека ваквата соработка со училиштата е можност младите да се запознаат со процесите преку кои се планира и развива локалната заедница.
„Младите кои денес учат, утре ќе ја обликуваат нашата заедница“, порачаа од општината.