Убивање на кучиња не е решение - ниту трајно, ниту привремено

Во изминатиот период главна тема во јавноста се каснувањата од кучиња, како и настанот од Струга кој ги згрози сите, кога беа убиени голем број кучиња.

Продолжуваат реакциите и понатаму, а на Твитер еден корисник им порача на граѓните да бараат одговорност од општините, како и дека убивањето на кучиња не е решение.

- Убиства на кучињата не е решение - ниту трајно ниту привремено. Си бара систематски решенија, а не насилни. Барајте одговорност од непостапувањето на Општините и општинарите! Не да се колеме по социјалните мрежи поради нечија неспособност за справување со проблеми, пишува еден корисник на Твитер.