Убиство во Словенија, тело на жена откриено на паркингот во околина на аеродромот „Јоже Пучник“

Ужас во Словенија откако во раните утрински часови во областа Брник во близина на Љубљана се случило убиство.

Убиството се случило во близина на аеродромот „Јоже Пучник“, а тело на убиена жена било пронајдено на паркинг. Според неофицијалните информации убиената жена и убиецот биле сопружници и биле ирански државјани.

По убиецот се трага, и се претпоставува дека ја напуштил државата.