Убиство во скопската населба Бутел 2

Во скопската населба Бутел 2 попладнево се случило убиство. Настанот се случил веднаш до ресторанот „Султан“, а голем број на полициски единици се излезени на терен.

„Пред 10-тина минути имаме пријава за слушнати истрели во Чаир. На терен се екипи“, велат од МВР. 

Неофицијално, едно лице е починато со иницијали К.И., а на терен се три амбулантни возила.