Убиство во Скопје

Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ, потврдуваат од МВР за Курир.

За Курир од Министерството истакнуваат дека официјални информации и детали за настанот ќе соопштат во текот на денот.

Во меѓувреме, Алсат телевизија повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49 годишен жител кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.

-Вооружените лица им побарале пари, откакоИсопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал, објавува Алсат телевизија.

Неофицијално, лицата избегале во непознат правец.