Убиство го потресе Скопје: Полицијата на нозе, веќе има осомничен

На 24.03.2018 година во 21.00 часот, Г.Г. (47) од Скопје пријавил дека со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот ја пронашол неговата мајка К.Г. (77) во нејзиниот стан во населбата Тафталиџе во Скопје, дознава Скај.

Во 20.30 часот тој отишол да ги посети мајка му и брат му М.Г. (50) и кога влегол внатре ја пронашол мајка му. Во врска со овој случај во полициска станица е приведен и задржан М.Г..

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција. Очекувајте повеќе детали во текот на денот.