Убиениот во Бутел е Камер Идризи, лице познато на полицијата

Лицето кое беше убиено во синоќешната престрелка во скопската населба Бутел, е 43-годишниот Камер Идризи од Скопје, објави „Коха“. Идризи како што пишува, и е познат на полицијата по пукањето во „Александар палас“ во 2019 година.

Во вчерашната престрелка било повредено уште едно лице кое било во возилото со Идризи, а неофицијално станува збор за негов 22-годишен роднина од Арачиново кој се уште е во болница.

Според првичните информации од МВР околу 22.00 часот е пријавено дека од возило во движење биле испукани повеќе рафални истрели кон „голф“ на паркинг во Бутел.

Кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило „голф“, во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Едното лице им подлегнало на повредите, соопшти полицијата.

Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.