Убиена возрасна скопјанка, синот утрово ја избодел со нож

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 07.50 часот на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека околу 06.30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала.

Од полицијата информираат дека смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.