Убиен маж во пукање во Арачиново, повредено е и 19-годишно момче

Едно од двете повредени лица во вчерашниот оружен инцидент во селото Арачиново е починато. Лицето им подлегнало на повредите откако било пренесено во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Неофицијално станува збор за 50-годишен маж, додека повредено е 19-годишно момче. 

На другото лице, што беше повредено во Арачиново, медицинските лица велат дека ќе му биде извршена хируршка интервенција.

„Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново. Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција“, потврдија за МИА од Ургентниот центар.

Од Министерството за внатрешни работи синоќа потврдија дека во селото Арачиново имало оружен инцидент и дека во двајцата арачиновци било пукано од возило „ауди“ во движење во кое имало две лица. Според МВР, повредени биле С.А. и А.А. кои околу 19 часот биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.