За едни тренд, а за други потреба за да се има куќа или викендица на периферија. Многу луѓе се одлучуваат градската средина да ја сменат за мир и тишина.
Периферијата на Скопје, полека почнува да се полни. Некои градат викендици, каде таму поминуваат за викенд, а некои се одлучуваат и да градат куќи и таму да си живеат.
Скопје се шири, се шири периферијата.
Особено, повозрасните, пред се пензионерите се тие кои се тргаат на страна, а младите ги оставаат во град.
Ако поминете барем еден ден на периферијата во Скопје, ќе забележите убави, модерни, средени куќи, а уште поубави и одржувани дворови.
Пролетта е таа, која за многу луѓе претставува инспирација за да излезат надвор и од својо дом да направат мало царство во кое ќе можат да уживаат и тие, а и они кои ќе поминуваат по улицата и кои ќе се восхитуваат на она што го гледаат.
Некои со подлабок џеб си дозволуваат многу повеќе, но понекогаш ако имаш добра инспирација и не ти се потребни многу пари.
Некои си дозволуваат луксузни базени, градини и фонтани, а некои си скромност, прават вистинско царство.
Понекогаш потребни се повеќе фантазија и труд, а помалку пари за семејниот двор беспрекорно да се уреди и да стане место пријатно за престој и кое ќе ги мами погледите на минувачите.
Најчесто луѓето сами си ги уредуваат дворовите, но има и такви кои ангажираат фирми и стручни лица за тоа.