Убаво е кога сама можеш да направиш сè, но тажно е кога мораш...

Убаво е кога сама можеш сè.

… да излезеш од зоната на удобноста.
... да се најдеш во секој град.
... да создаваш спомени.
... да ја решиш секоја ситуација.
... да се прилагодиш на нови моменти.
... да ги поттурнуваш другите.
... да препознаваш добри шанси.
... да нижиш успеси.
... да го зграпчиш моментот.
... да загризеш.
... да стегнеш.
... да пуштиш.
... понекогаш и да одболуваш.
... повторно да се обидеш.
... да имаш волја.
... да имаш свежа надеж.

Убаво е кога сама можеш да направиш сè...тажно е кога мораш. Доаѓаш до одредени години кога сфаќаш дека во твојот живот сè си е во најдобар ред, дури и повеќе од тоа, но длабоко во тебе нешто не штима. Многу луѓе те фалат, ти се воодушевуваат, но тебе ти се создава кнедла во грлото. И така малку застануваш и си викаш: Ајде да размислиш. И со денови мислиш, претураш по своите мисли, одлуки, минато и доаѓаш до некој заклучок. Те стега во градите, горко е и болно, не можеш ниту пред себе да го изговориш. Но, мораш.

Жал ми е за себе. 

Толку нежност има во мене: Наивна, искрена љубов која сè уште не сум ја дала никому. Гледам дека сите мои врските биле утки, обиди да се сакаат мажи кои и самите не се сакаа себеси. Кои не ја прифаќаа та чиста љубов, кои бегаа, се плашеа, ставаа ѕидови околу себе. Светот е расипан, навистина е жално што сè се нарекува љубов. 

А каде си ТИ?

Да ти кажам што би сакала, да ми кажеш за што сонуваш. Да мечтаеме, да бидеме детинести, да одлутаме заедно. Да можам да ти речам „Немој“, да можеш да ми речеш: „Ајде“. Кога ќе запне - да сум тука, а кога нешто не оди - да си тука. Па секој себе да се турка, но да го правиме тоа заедно. Да ми се јавиш и да ми кажеш што ти се случува, а јас да ти кажам дека можеш да направиш сè. И да ти покажам. Да лежиме, да губиме време, да живееме во моментот. Да се плашиме, да се обидеме, да паднеме и да станеме. Да бидеме тука еден за друг. За сè и сешто. 

Но, те нема.