Убаво е чувството да си Македонец во Келн: Странците со почит кон македонските навивачи

Честитки, чувство на почит, благодарност за убавата игра и пофалби - вака странците им пристапуваат на Македонците кои денес отпатуваа во Келн да ги бодрат играчите на македонскиот ракометен шампион РК Вардар. 

Буквално цела сала во текот на натпреварот беше на македонска страна, а потоа инвидуално не запираа и ни честитаа за успехот кој што денес го постигна РК Вардар во Келн. Вистинска гордост е денес да си Македонец, вели Игор З. за Скопје Инфо. Емоции и почит се гледа во нивните очи, додава тој. 

Победничка атмосфера со пеење македонски песни пренесоа медиуимите кои известуваа од Келн за денешниот настан. Со своја фотографија на социјалните мрежи се огласи и Никола Груевски, лидерот на опозицијата кој присустуваше на натпреварот во Келн.

Инаку, Ракометарите на Вардар остварија историски успех откако се пласираа во финалето во Лигата на шампионите. Вардар во полуфиналето ја совлада Барселона 26:25 (13:12). Херој на Вардар е Лука Циндриќ кој го постигна последниот гол на три секунди до истекот на времето.