Велат, кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ке дојде пак...
Националниот Парк Пелистер зафаќа површина од 17.150 хектари - надморска височина од 927 до 2601 m.
Изобилува со уникатни природни богатства и претставува дом на ретки и ендемични животински и растителни видови.
За да ги видите и доживеете сите убавини на планината Баба и Пелистер, на располагање ви стојат бројни пешачки патеки: Детската, Историската, по Камењатот...
Не ви е потребна посебна физичка кондиција, туку само добра волја.
Заштитен знак на Пелистер се бистрите изворски води во кои ќе ја забележите пелистерската и пелагониската пастрмка, водопадите, и планинските езера, неклку сезонски и двете леднички – Големо и Мало езеро, познати уште како и Пелистерски Очи.
Пелистер според посетителите е убав и во лето и во зима. Чистиот воздух и прекрасната природа, секогаш привлекуваат.
Инстаграмџиите се задолжени со своите фотографии да ве мотивираат оваа зима да го посетите снежниот Пелистер.