Оваа година Anti Aging Center by Promoitalia слави значаен јубилеј – 10 години успешна работа во областа на естетската медицина и anti-aging процедурите. По тој повод, разговаравме со Олгица Стојимировиќ, визионерката и основачка на центарот, за нејзината инспиративна приказна, достигнувањата, вредностите и идните планови.
1. Оваа година, Anti Aging Center by Promoitalia одбележува 10 години постоење. Како започна Вашата приказна и што Ве мотивираше да го отворите првиот специјализиран центар против стареење во Македонија?
Кога пред десет години размислував за отворање на центар против стареење, тргнав од мојата страст кон естетиката и желбата да им помогнам на луѓето да се чувствуваат убаво и здраво. Ја почувствував потребата за професионални anti-aging услуги, но бев свесна дека во тоа време на пазарот имаше дерматолошки ординации и козметички салони, но не постоеше институција која на едно место ќе обезбеди целосна нега за лице и тело на високо професионално ниво, која ќе спои дерматолошка експертиза и козметичка нега, користејќи најсовремени техники и технологии. Имав јасна визија за видот на опремата и производите што сакав да ги користам – исклучиво медицинска апаратура и најквалитетни производи и медицински персонал. Мојата идеја беше да соработувам со бренд кој има сопствено производство, иновативни апарати и патентирани методи на аплицирање. Така ја пронајдов Promoitalia – лидер во anti-aging индустријата, чија филозофија и квалитет совршено се вклопија во мојата визија за идниот центар.
2. Во текот на изминатата деценија, кои се најзначајните достигнувања и моменти што ги издвојувате како клучни за развојот на центарот?
Во текот на изминатата деценија, најзначајното достигнување за мене е тоа што нашиот начин на работење стана препознатлив на пазарот. Во тоа време, anti-aging процедурите беа нови и недоволно познати, па сакав да најдам решение како да ги прилагодам цените со потребите на нашиот пазар. Така ја осмислив идејата за месечни промоции – секој месец нудиме промотивни цени на одредени процедури, што овозможува поголем дел од популацијата да ги испроба нашите третмани по поволни цени и да ги утврди нивните ефекти. Овој пристап нè издвои и останавме доследни на тој начин на работење до денес. Исто така, инсистирав докторите да прават прецизни и бесплатни консултативни прегледи, на кои се објаснува секоја процедура во детали, со сите посакувани и несакани ефекти. Како дел од нашата транспарентност кон клиентите, бевме први во нашата индустрија што започнавме редовно да објавуваме фотографии пред и по третманите, за луѓето реално да ги видат ефектите на процедурите и да донесат информирани одлуки. Покрај тоа, сметав дека е важно да ги едуцираме луѓето за нашите процедури, па секоја недела пишував информативни текстови, кои редовно ги објавуваме на нашата веб-страница и социјалните мрежи. Овој транспарентен пристап и посветеност на едукацијата нѐ доведоа до голем број на задоволни клиенти кои станаа наши лојални корисници, а начинот на работа го задржавме до ден денес.
3. Филантропијата е едно од обележјата на Вашиот бренд. Во таа насока, како ќе го одбележите 10-годишниот јубилеј?
Филантропијата отсекогаш била дел од нашата приказна и вредностите на Anti Aging Center by Promoitalia. По повод одбележувањето на 10-годишниот јубилеј, сакав да направиме нешто што ќе ја одрази нашата благодарност кон заедницата и клиентите кои ни ја укажаа довербата. Наместо да организираме свеченост или забава, одлучив поинаку да го прославиме нашиот роденден – така што ние ќе подаруваме. Решив по повод 10 години постоење да реализираме 10 активности, дел од нив со хуманитарен карактер, кои ќе ги објавуваме во наредните денови сè до роденденот. Со ова сакам да пренесам порака дека убавината и грижата не се ограничуваат само на естетиката, туку се и чин на добрина и внимание кон другите.
4. Какви се Вашите планови за иднината? Може ли да очекуваме нови концепти или проширување?
Мојата визија за иднината е јасна и амбициозна – сакам да продолжиме да растеме и да се развиваме заедно со нашите клиенти. Планирам проширување на спектарот на услуги со воведување на најнови светски процедури во областа на anti-aging-от, како за лице, така и за тело. Посветени сме на постојани инвестиции во најсовремена технологија, со цел да понудиме индивидуализирани програми кои ќе ги комбинираат естетиката, здравјето и општата благосостојба.
Исто така, размислувам за отворање на нови локации, со цел да бидеме уште подостапни за нашите клиенти. Како дел од нашите идни планови е и развој на едукативен центар, каде што ќе организираме обуки и работилници за подобро разбирање на процесите на стареење и современите начини на нивно управување. Верувам дека едукацијата е клучна за долгорочен успех и за создавање на свесни, информирани клиенти.
Горда сум што заедно со мојот тим сме дел од највлијателните светски конгреси и обуки во областа на естетската медицина. Постојано инвестирам во надградување на знаењето и експертизата – и мое лично и на целиот тим – со цел секогаш да бидеме во чекор со најновите иновации и да им понудиме на нашите клиенти врвни услуги по највисоки светски стандарди.
Покрај тоа, сакам да ги зајакнеме и нашите онлајн услуги, преку виртуелни консултации, едукативни вебинари и персонализирани програми за нега што ќе бидат достапни и надвор од границите на Скопје. Целта ми е да бидеме уште поблиску до сите кои сакаат да инвестираат во себе и своето здравје.
И понатаму, нашата мисија останува иста: да ги донесеме светските стандарди во Македонија, да останеме синоним за доверба, врвен квалитет и грижа за секој наш клиент.
5. Гледајќи наназад, од професионално и лично искуство, што е тајната на успехот?
Кога размислувам за тајната на успехот, најпрво ми доаѓа на ум постојаноста. Верувам дека вистинската сила не е во големите чекори, туку во секојдневната посветеност, во малите избори што ги правиме повторно и повторно, со иста страст и интегритет. Најтешко е да се остане на врвот – да се одржи квалитетот, довербата и љубовта кон работата низ сите предизвици што животот ги носи. Постигнувањето успех може да биде моментално, но одржувањето успех бара карактер, истрајност и визија. За мене, токму таа доследност е темелот врз кој се гради долготраен успех.
6. Што Ве мотивираше да останете посветени и инспирирани во текот на овие 10 години, особено во моменти на предизвици?
Во текот на сите овие години, она што најмногу ме мотивираше беа луѓето – нашите клиенти, мојот тим, сите што веруваа во мојата визија уште од самиот почеток. Секоја насмевка по успешна процедура, секоја искрена благодарност, беа потсетник дека правиме нешто што има вистинска вредност. Во тешките моменти, кога предизвиците изгледаа големи, се потсетував на причината зошто започнав – да создадам простор каде луѓето ќе се чувствуваат убаво, сигурно и ценети. Одговорноста што ја чувствував кон нив, како и посветеноста на мојот тим, ми даваа сила да продолжам и да бидам подобра секој нов ден. Мојата љубов кон оваа професија, заедно со визијата за убавина што инспирира самодоверба, ми помогнаа да останам посветена и полна со ентузијазам и после цела една деценија.
7. Како ја дефинирате убавината денес и како вашата работа придонесува клиентите да се чувствуваат самоуверено и исполнето?
Денес убавината ја гледам како хармонија помеѓу внатрешното и надворешното. Таа не е само прашање на физички изглед, туку на енергијата што ја зрачиме, на самодовербата, на начинот на кој се грижиме за себе. Преку нашата работа во Anti Aging Center by Promoitalia, настојуваме да ја поттикнеме токму таа целосна убавина – помагајќи им на клиентите да го истакнат своето најдобро издание. Нашите процедури се дизајнирани да ги нагласат индивидуалните квалитети, да ја зајакнат самодовербата и да ги потсетат луѓето дека грижата за себе е чин на љубов и почит кон сопственото битие. Кога една личност се чувствува добро во својата кожа, таа зрачи сила, радост и инспирација – и тоа за мене е вистинската убавина.
8. Кои вредности и принципи ги сметате за клучни во градењето на успешен бизнис во естетската индустрија?
Верувам дека успехот во естетската индустрија се гради врз темели на искреност, професионализам и постојана едукација. Најважно е секогаш да се работи во интерес на клиентот, со почитување на неговите желби, но и со одговорност да се понуди само она што е навистина безбедно и ефикасно. Етичкиот пристап, транспарентноста во комуникацијата и високите стандарди на квалитет се вредности од кои никогаш не треба да се откажеме. Исто така, иновацијата и постојаното следење на новитетите во светот се клучни за да останеме релевантни и да им понудиме на клиентите најдобро можно искуство. Конечно, искрената грижа за секоја личност што ни ја доверила својата убавина и здравје е најголема обврска и најголема привилегија.
Разговорот со Олгица Стојимировиќ открива дека вистинскиот успех во естетската индустрија не се мери само со бројките и достигнувањата, туку со доследноста, страста и искрената грижа за секој клиент. Anti Aging Center by Promoitalia и понатаму претставува пример за квалитет, иновација и човечка топлина – вредности кои ги градат убавите приказни што траат.