Убави вести за Велигден: Празничниот ден носи вистинско пролетно време

Велигденскиот празник годинава ќе помине во променливо, но релативно стабилно време, со комбинација од облаци и подолги сончеви периоди.

Според прогнозата, во недела времето ќе биде умерено облачно, со повремени сончеви интервали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, што ќе придонесе за пријатно чувство на температура.

Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 7 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 20 степени.

За продолжениот празничен викенд, односно во понеделник (неработен ден), се очекува промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаб локален дожд, а ќе дува и засилен до силен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат од 1 до 8 степени, додека дневните ќе се задржат во интервал од 12 до 20 степени.