
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски сподели убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија.
Уште две нови авиолинии од скопскиот аеродром!
- Од 18. јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија.
- Од 15. јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија.
Како што сподели Николоски, овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот.
- Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo. Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром, вели минситерот Николоски.