Убави работи кои треба да си ги кажувате секојдневно

Постојат убави работи кои треба да си ги кажуваме себеси, особено кога ќе почувствуваме дека нешто не оди како што треба и ни треба мал поттик. Затоа, наместо таквиот поттик и убави зборови да ги очекуваме од другите, добро би било самите да си помогнеме.

1. Доволно сум умен/умна за да одлучувам сам/а.

2. Имам контрола над тоа како ќе реагирам на различни ситуации.

3. Мојата иднина не зависи од мојата сегашност.

4. Имам храброст да застанам позади себеси.

5. Заслужувам среќа во животот.

6. Заслужувам љубов.

7. Смеам да направам грешка по некогаш.

8. Денес ќе успеам.

9. Мирот доаѓа од мене, не од другите.

10. Мојот живот е подарок и треба да го ценам тоа.

11. Треба да се окружам себеси со позитивни луѓе за да живеам позитивен живот.

12. Моите несовршености се дел од мене.

13. Понекогаш ми треба време да преминам преку некои работи.

14. Имам потенцијал за да успеам.

15. Им простувам на оние кои ме повредија. Највеќе од се, си простувам себеси.